Поради безбедносен пропуст, загрозени се милиони корисници на Android

Објавено на 06.02.2020 во Android



Поради безбедносен пропуст, загрозени се милиони корисници на Android

Google започна со безбедносното ажурирање на својот оперативен систем Android, откако е откриен безбедносен пропуст, кој би можел да ја загрози безбедноста на милиони корисници и да им овозможи пристап на хакерите преку нивните смартфони. 

Се работи за корисниците чии уреди користат Android 8 и 9, но ниту корисниците со последната веерзија на Android 10, не се целосно безбедни. Критичниот пропуст е оценет за критичен за корисниците на Android 8.0, 8.1 и 9, затоа што на хакерите им дозволува оддалечен пристап кон уреди и покренување на злонамерен код без никакво знаење на корисниците. Истиот пропуст е откриен и кај Android 10, но поради промена во оперативниот систем, дупката и не е толкава и не е оценета како критична.

Од Google предупредуваат дека ако хакерите ја користат оваа ранливост, може да преземат контрола над уредот, да ги менуваат податоците на самиот уред, да инсталираат апликации и да отвараат нови профили.