Google Maps слави 15-ти роденден со нови опции и редизајн

Објавено на 07.02.2020 во Новости



Google Maps слави 15-ти роденден со нови опции и редизајн

Google Maps денес слават 15 години, апликацијата тотално го промени начинот на кој се снаоѓаме во просторот, како патуваме и примаме бројни други информации, како што се сообраќајни метежи, интересни локации во близина и омилени локации.

Google Maps добива големо ажурирање, со кое ја нагласува еволуцијата што апликацијата ја доживеала од своите почетоци до денес. Така редизајнот се фокусира на пет категории: Explore/Истражување, Commute/Патување, Saved/Снимано, Contribute/Придонесува и Updates/Ажурирања. Самиот дизајн е променет во Maps, особено во делот за поглед во живо (Live View), кој на корисниците им овозможува да се снајдат полесно во просторот со помош на проширената реалност, каде се прикажуваат повеќе информации. 

Автор: Aleksandar Stankov