Netflix го исклучи автоматското вклучување на видеа

Објавено на 11.02.2020 во Новости



Netflix го исклучи автоматското вклучување на видеа

Досега мораше да го намалуваме звукот по брза постапка кога ќе влезевме во апликацијата. Отсега нема да мораме, затоа што Netflix конечно ја исклучи опцијата за автоматско стримање на трејлерот на филмовите во апликацијата.

Netflix на Twitter објавија дека ги послушале своите корисници и затоа ја исклучиле оваа опција, како и онаа за автоматско почнување на друг следен филм кога ќе заврши овој. Сепак, мора сами да ги исклучите овие опции. 

На Manage Profiles имате за дештиклирање на функциите: Autoplay Previews While Browsing и Autoplay Next Episode In A Series.