Samsung денес го открива новиот преклопен уред

Објавено на 11.02.2020 во Новости



Samsung денес го открива новиот преклопен уред

Samsung спремал дури четири модели на смартфони, од кои најголемо внимание привлекува Z Flip, за кого беше објавено видео уште за време на Оскарите. Samsung ќе го претстави преклопниот смартфон во вертикала, кој ќе биде наменет за масовна потрошувачка.

Аналитичарите очекуваат од новиот Z Flip да се продадат 5 милиони телефони годишно. Под хауба се очекува да има Snapdragon 855 Plus, 8GB RAM+256GB меморија, 5G поддршка и 6,7 инчен дисплеј. Се спомнува цена од 1400 до 1500 долари, што е премногу во споредба со класичните смартфони, но значително пониска цена во споредба со преклопните смартфони. Прв поглед за овој модел може да погледнете на видеото на овој линк.

Автор: Aleksandar Stankov