Што да очекуваме од Galaxy S20, Ultra и S20 Plus

Објавено на 11.02.2020 во Новости



Што да очекуваме од Galaxy S20, Ultra и S20 Plus

Технолошките медиуми го опишуваат Galaxy S20 Ultra како најголемиот и најсилниот телефон што Samsung досега го направил, со Snapdragon 865 процесор, 16GB RAM меморија и дисплеј од 6,9 инчи со фреквенција од 120Hz. 

Од задната страна на уредот ќе има четири камери, главна камера од 108MP со 100x зум, т.е. Space Zoom. Покрај главната камера ја имаме и телефото камерата од 48MP, широкоаголната камера од 12MP, како и 3D сензор за длабочина. За снимање на селфи од предната страна се наоѓа камерата од 40MP. Официјалната цена би требало да биде 1300 долари.

S20 и S20 Plus ќе бидат со Snapdragon 865 или Exynos 990 процесор, 5G поддршка, Galaxy S20 ќе биде со 6,2-инчен дисплеј, Plus моделот со 6,7-инчен дисплеј, додека двата модела ќе бидат со 120Hz. Освен по големината на екранот, телефоните ќе се разликуваат и по камерите, затоа што Plus моделот е со 3D длабочински сензор, а S20 нема ни да го има. Останатите камери се исти - 12MP главна камера, телефото камера од 48MP и ултра широка камера од 12MP. Останете до официјалните информации со нас.