Samsung Galaxy Flip Z - Смартфон кој се претвора во мини лаптоп

Објавено на 11.02.2020 во Новости



Samsung Galaxy Flip Z - Смартфон кој се претвора во мини лаптоп

Samsung Mobile ја започна 2020 година со одлична презентација на можностите на новата генерација на смартфони на преклоп како новиот Samsung Galaxy Flip Z кој може да се претвори во мини лаптоп. 

Внатрешниот дисплеј може да се подели на два дела, со тоа што горниот ќе биде резервиран за видното поле и приказ на содржини, а долниот дел од екранот е контролен и на пример на него може да внесувате текст, да се допишувате и да ги внесувате командите на допир за побрзо и поедноставно поврзување. 

Од надворешната страна на Samsung Galaxy Flip Z е поставен мал помошен екран на кој се прикажуваат најважните информации, известувања и нотификации, па така ќе може да одберете кога да го отворите целосниот екран.

Во поглед на неговата флексибилност Samsung Galaxy Flip Z нуди сосема различен концепт од ланскиот Samsung Galaxy Fold во поглед на склопувањето во целината на дисплејот, а има и подобрен механизам кој ќе спречи оштетувања или проблеми со функционалноста.

Foldable Dynamic AMOLED дисплејот има целосна големина од 6.7 инчи со резолуција од 1080 x 2636 пиксели и 425 ppi густина на сликата. Помошниот дисплеј има големина од 1.1 инчи со Super AMOLED технологија, резолуција од 112 x 300 пиксели, заштита со Corning Gorilla Glass 6 и Always-on поддршка. 

Samsung Galaxy Flip Z работи со осум-јадрен Snapdragon 855+ (7 nm) процесор, 8GB RAM, 256 GB меморија, тројна главна камера со по 12 мегапиксели, 10 мегапикселна селфи камера, батерија со капацитет од 3300 mAh и брзо полнење од 15W.

Samsung Galaxy Flip Z како атрактивен смартфон со екран кој се дели на пола и има флексибилност ќе се продава по цена од околу 1500 евра.





Прочитајте повеќе: