Samsung Galaxy S20 Ultra - Импресивна камера со 108 мегапиксели

Објавено на 11.02.2020 во Новости



Samsung Galaxy S20 Ultra - Импресивна камера со 108 мегапиксели

Samsung има големи причини за задоволство со денешниот силен промотивен настан на кој покрај иновативниот адут Samsung Galaxy Flip Z, го претстави и новиот врвен премиум смартфон Samsung Galaxy S20 Ultra кој целосно одговара на предизвикот да ја има шампионската круна со камерата со четири главни елементи.

Како што се очекуваше Samsung Galaxy S20 Ultra доаѓа со примарен сензор од 108 MP, f/1.8 апаратура, 26mm широка леќа, фазна детекција на авто-фокус и оптичка стабилизација на сликата. Овој сензор може да се пофали со х100 зум со голема прецизност и задржување на квалитетот на сликите. 

Главната камера ја надополнува и перископска леќа од 48 MP, потоа ултра широка леќа од 12 мегапиксели и 0.3 MP TOF 3D леќа за длабочина. 

Покрај камерата Samsung Galaxy S20 Ultra се истакнува и со моќен хардвер предводен од најдобриот осум-јадрен Snapdragon 865 процесор или за европските корисници Exynos 990 (7 nm+) верзијата. 

Исто така важен адут за смартфонот кој има огромен 6.9 инчен Dynamic AMOLED 2X дисплеј е и батеријата со мега капацитет од 5000 mAh со ултра брзо полнење од 45W. Во продажба наскоро ќе може да се најде со цена од околу 1350 евра со поддршка за 5G мобилна мрежа.