GSMA го одложува MWC поради епидемијата од коронавирусот

Објавено на 13.02.2020 во Новости



GSMA го одложува MWC поради епидемијата од коронавирусот

Организаторите оваа година одлучија - MWC оваа година нема да се одржи. И покрај најавените построги хигиенски и безбедносни мерки, сепак одлучено е за откажување на цел конгрес.Во e-mail пораката потпишана од извршниот директор на GSMA, организаторот на MWC, Џон Хофман, истакнува дека главна причина за одложување на MWC 2020 е загриженоста за глобалната епидемија од коронавирусот.

GSMA официјално објави: „GSMA го откажа MWC Barcelona 2020 поради светската загриженост околу епидемијата од коронавирусот, загриженоста околу патувањата и други околности, поради кои одржувањето на овој настан се чини невозможно“.