Колку меморија ќе зафаќа 8K HD видео на Galaxy S20?
Објавено на 13.02.2020 во Новости
Samsung Mobile ги откри точните информации за тоа колку меморија ќе зафаќа едно 8K HD видео направено со новата камера од 108 мегапиксели на супер камера смартфонот Samsung Galaxy S20 Ultra.
Една минута снимање на 8K HD резолуција до 24fps ќе зафаќа меморија од 600 MB. Исто така ќе има поставено лимит на снимање до 5 минути, односно двојно помалку во однос на лимитот за снимање на 4K HD видеа.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.