Samsung го претстави новиот 2020 QLED 8K flagship телевизор за Европа

Објавено на 13.02.2020 во Новости



 Samsung го претстави новиот 2020 QLED 8K flagship телевизор за Европа

Samsung Electronics Co. денес ги претстави новите модели на телевизори и аудио уреди за европскиот пазар, меѓу кои се водечкиот flagship телевизор Q950TS QLED 8K, проширената понуда на QLED 8K и 4K уредите, MicroLED, Lifestyle телевизорите и звучните уреди на Samsung Forum-от, одржан во Медитеранскиот Конференциски Центар во Валета, Малта.


Samsung е посветен на пионерскиот технолошки развој и константното задоволување на потребите на корисникот. Новите модели на телевизори и аудио уреди носат иновации кои на корисниците им овозможуваат мноштво можности за поврзување, преку најинтерактивното искуство досега.

 

Претставување на следната генерација на интелигентни екрани

 

Водечкиот flagship телевизор на Samsung за 2020 година под називот Q950TS QLED 8K нуди технологија и гледачко искуство без конкуренција, комбинирајќи беспрекорен квалитет на сликата и звукот, напредни можности на вештачката интелигенција, со премиум дизајн.

 

Во Европа е достапен во големини од 65, 75 и 85 инчи, а на корисниците им овозможува искуство на гледање на содржини на екранот од раб до раб. Револуционерниот Infinity Screen екран испорачува сооднос на екранот со целокупниот телевизор од неверојатни 99 проценти. Гледан од профил, Q950 е неверојатно тенок, само 15мм, па со својата појава и шест вградени звучници дава дефиниција за идејата на сеопфатните екрани. Овој модел ги брише границите помеѓу телевизорот и неговата околина за да им обезбеди на корисниците совршено искуство на гледање телевизија во домот.

 

Покрај моделот Q950, Samsung ги претстави и Q900TS и Q800T, проширувајќи го својот опсег на QLED 8K телевизори. Овие уреди доаѓаат со големини од 55 до 98 инчи, како секој корисник би можел да го пронајде идеалниот телевизор, во склад со личните потреби и можностите на просторот.

 

Samsung телевизорите од QLED 4K сегментот и понатака се најголемиот адут на компанијата. Оваа година претставена е најсеопфатната QLED 4K понуда, со моделите Q60T, Q70T, Q80T, Q90T и Q95T, достапни во големини од 43 до 85 инчи.

 

„Се наоѓаме во нова ера на интелигентни екрани, а оваа година ќе донесе уште поголема побарувачка за персонализирано телевизиско искуство“, рече Nathan Sheffield, раководител на TV и AV одделот во компанијата Samsung Europe. „Овогодишната понуда на телевизори и аудио уреди е најсилна, најпаметна и најсеопфатна досега со цел да се задоволат различни животни стилови, без компромиси.“

 

Врвниот квалитет на сликата и звукот се темел на Samsung QLED телевизорите, но подобрените Smart Screen можности на база на вештачка интелигенција се она кое што навистина прави разлика. Овие карактеристики, единствени за Samsung, овозможуваат новите уреди да понудат совршено искуство на гледање:

 

Quantum Dot AI комбинира Samsung 8K процесор со водечка платформа во индустријата, Tizen, за визуелна надградба на било која содржина. Без оглед на изворот или тековната резолуција, сликата сега може да се прикаже на дури 33 милиони пиксели.


Adaptive Picture опцијата го анализира степенот на светлина, како и содржината на екранот, за да се обезбеди совршен квалитет на сликата, без оглед на тоа дали се гледа телевизија во светла или темна просторија.

 

Active Voice Amplifier го елиминира шумот во позадина, која е проценета како втора најголема пречка на европските корисници кога гледаат телевизија. Оваа опција автоматски ги препознава овие прекини и соодветно ја прилагодува гласовната јасност.

 

Objecting Tracking Sound + (OTS +) создава тродимензионален звучен ефект со комбинирање на повеќе звучници на горниот, од страна и на долниот дел од телевизорот со соодветен AI алгоритам. OTS+ совршено ги прилагодува звукот со акцијата на екранот, обезбедувајќи врвно искуство на гледање.

 

Q-Symphony е единствено симултано користење на повеќе звучници. За прв пат досега, QLED моделите за 2020 година ќе ги одржуваат активни горните и долните звучници при спојување со Samsung Q soundbar уредот, за да се добие побогат, поцелосен, опкружувачки звук.

 

Напреднат квалитет на сеопфатниот звук


Новите Samsung soundbar модели носат уште поголем степен на интеграција помеѓу телевизорите и аудио уреди. Асортиманот на Q серијата за европскиот пазар за 2020 година ги вклучува моделите Q800T, Q70T и Q60T, идеални за поврзување со QLED телевизорите. Користејќи ја технологијата Samsung Acoustic Beam, интегрирана со Dolby Atmos и DTS: X решенијата, Q серијата им овозможува на корисниците чувство како да се самите учесници во акцијата на екранот.

 

Сепак, оптималниот звук не се крие само во длабоката интеграција со телевизорот. Новата Samsung S серија (S60T и S40T) обезбедува моќни перформанси со самостојна изведба, без поврзување со ТВ уредот. Паметна и со истенчен стил, S серијата совршено се вклопува во секоја просторија, претопувајќи се во домашната атмосфера. Ова е soundbar наменет за вистинските љубители на музиката и за оние кои го ценат премиум дизајнот.

 

Disney+ пристигнува на досега највмрежената понуда на Samsung уреди

 

Начинот на кој се гледаат содржините во домашното опкружување еволуира од година во година. Покрај едноставниот пристап до своите омилени филмови и серии, корисниците сакаат на лесен начин да откриваат и нови искуства. Samsung продолжува да развива и проширува партнерства со водечки провајдери на содржини. За корисниците на Samsung телевизорите низ Европа, Disney+ ќе биде достапен oд 24ти март.

 

Проширување на гласовните можности на Samsung телевизорите

 

Телевизорите на Samsung нудат различни опции за гласовен асистент, вклучувајќи ги Amazon Alexa, Google Assistant и Bixby, со цел корисниците да го одберат она кое што најмногу им одговара. Полесен пристап до вестите, временската прогноза и омилената содржина се некои од поволностите кои ги очекуваат корисниците, со проширени функции на паметен дом и контрола на телевизорите.

 

Напреднати можности на вмрежено гледање на содржини

 

Со новата генерација на телевизори, Samsung исто така претстави и нови облици на поврзување, излегувајќи им во пресрет на потребите на корисниците кои сакаат своите телевизори да ги употребуваат на различни начини:

 

Multi-View е опција идеална за оние кои често користат други уреди додека гледаат телевизија. Овој режим на работа овозможува содржината од мобилниот уред да се прикаже во еден дел од телевизискиот екран, со флексибилност да се одбере помеѓу 14 различни опции на поделени екрани.

 

Tap view го олеснува поврзувањето на паметните телефони со ТВ-уредот како никогаш досега. Корисниците сега можат да ја прикажат содржината од својот телефон на големиот екран со едноставно допирање на двата уреди.

 

Подигање на персонализацијата на ново ниво со Lifestyle моделите на телевизори

 

Samsung го најави и европското лансирање на The Sero моделот, потполно нов Lifestyle телевизор. The Sero има можност за ротирање помеѓу хоризонтална и вертикална ориентација - токму како паметните телефони. Корисниците можат да уживаат во разновидна содржина и да го менуваат начинот на прикажување на сликите, во склад со содржината на поврзаниот паметен телефон.

 

Покрај тоа, The Serif моделот, што го става дизајнот на прво место, оваа година ќе биде достапен во големини од 43, 49 и 55 инчи, во две нови бои, Облачно бела и Памучно сина. The Serif и The Sero, на овогодишното издание на  International Forum (iF) Design Awards, еден од најголемите светски натпревари во полето на дизајн, беа признати како уреди со иновативен дизајн.

 

Неизбежниот дел на овогодишната понуда на Lifestyle моделите е The Frame. Во 2020 година овој уред доаѓа во нови големини од 32 и 75 инчи, проширувајќи ја досегашната понуда. Со новата auto-curation опција на база на вештачка интелигенција, Art Store апликацијата на The Frame телевизорот сега може да предложи уметнички дела во согласност со вкусот на сопственикот.

 

Модуларна технологија на екранот што не познава граници

 

На Samsung Forum-от, претставена е и нова линија на иновативни MicroLED телевизори. Модуларната технологија на MicroLED уредите нема ограничувања кога станува збор за големината, рабовите и резолуцијата. Со големини кои варираат од 75 до 292 инчи, MicroLED обезбедува персонализирано, сеопфатно чувство при гледање на најразлични содржини во домот.

 

За повеќе информации за Samsung телевизорите и аудио уредите за европскиот пазар за 2020 година, посетете ја www.samsung.com.





 
Најнови телефони
 
 


{}