Новите стикери на Google се топ комбинација

Објавено на 14.02.2020 во Новости



Новите стикери на Google се топ комбинација

Google ја претстави новата функција Emoji Kitchen преку која корисниците на виртуелната тастатура Gboard ќе може да креираат различни комбинации на изрази на емоџи за да добијат сосема нови видови на стикери.

Комбинацијата всушност е претходно дизајниран нов стикер и не се користи чат емоџи бот како кај други слични апликации, па затоа и резултатите на Emoji Kitchen се подобри.

Тие може да се користат како стикери што значи дека не може да ги праќате преку апликации кои немаат поддршка за стикери како кај вообичаените емоџи.