Музиката на Pandora ќе се слуша на Apple Watch и без iPhone

Објавено на 15.02.2020 во Новости



Музиката на Pandora ќе се слуша на Apple Watch и без iPhone

Музичкиот стриминг на песни Pandora доби нова функција со која корисниците на Apple Watch ќе може да ја користат оваа апликација без потреба да го носат или активираат нивниот iPhone од каде претходно се симнуваа содржините.

Тоа значи дека корисниците на Apple Watch самостојно од самиот уред само со интернет конекција ќе може да се поврзат со апликацијата Pandora и да уживаат во стримингот на песни.

Оваа надградба е засега ограничена и постепено ќе пристигнува кај повеќето корисници на Apple Watch.





Прочитајте повеќе: