Прва слика од Google Pixel 5 открива тројна камера

Објавено на 15.02.2020 во Новости



Прва слика од Google Pixel 5 открива тројна камера

Google годинава ќе мора да ја воодушеви фан базата која во минатото беше многу лојална поради отвореноста на Pixel смартфоните пред се во делот на тестирање на софтвер, но мора да покаже и напредок во понудата во премиум класата.

Откако Pixel 4 не помина баш најславно иако очекувањата беа големи на ред е Pixel 5 за кого исто така се уште нема јасна слика дали ќе биде одличен смартфон или пак ќе биде уште една непотребна едиција која нема никого да го привлече.

Првата рендер слика од Pixel 5 открива нов вид на тројна камера на задната страна за која засега може да се истакне само естетскиот дел, а колку ќе биде функционална ќе се види на дело. 

Автор: Aleksandar Stankov