САД го притиска WhatsApp за да открие што прислушкувал Huawei

Објавено на 16.02.2020 во Новости



САД го притиска WhatsApp за да открие што прислушкувал Huawei

Односите меѓу САД и кинескиот Huawei се далеку од идеални веќе одредено време. Американците ја обвинуваат кинеската компанија дека ги шпионира американските граѓани наместо поставните задни врати во својата телекомуникациска опрема.

Huawei ги отфрла обвиненијата, но САД не се откажува, а во целата приказна сега се приклучи и WhatsApp, кој е дел од Facebook. Американската полиција и истражителите веќе долго време се обидуваат да го притиснат Facebook, кој е сопственик на WhatsApp, за да вгради „задна врата“  во системот на допишување, која би можеле да ја користат во своите истраги. 
WhatsApp досега одбиваше да дозволи пристап кон нивниот систем поради вградената енкрипција и не сака очигледно да вгради посебен влез во системот привилегиран за полицијата. Се уште останува нерешено дали ќе попушти WhatsApp или американската администрација поради Huawei.

Автор: Aleksandar Stankov