Шефот на Facebook е спремен да плаќа повеќе данок ако мора

Објавено на 17.02.2020 во Новости



Шефот на Facebook е спремен да плаќа повеќе данок ако мора

Директорот на Facebook, Марк Цукерберг, прифаќа дека глобалните даночни реформи значат дека таа социјална мрежа можеби мора да плаќа повеќе даноци во различни земји, известува Politico, повикувајќи се на говорот што Цукерберг го одржа.

Прекуграничните даночни закони треба да бидат променети откако 137 држави тоа го побараа минатиот месец во обид да се избегне нова трговска војна поради глобалниот раст на данокот за дигиталните услуги. Цукерберг е свесен дека има фрустрирани компании поради данокот во Европа, со акцент на тоа дека сакаат даночна реформа и дека му е мило што OECD тоа го разгледува.