Дел од корисниците на Windows 10 со сериозен проблем после надградбата

Објавено на 18.02.2020 во Windows



Дел од корисниците на Windows 10 со сериозен проблем после надградбата

Надградбата на Microsoft со Windows 10 беше пуштена на 11 февруари, која требаше да биде само уште една во серијата на безбедносни надградби и поправка на постоечките багови. Како што ги реши старите, така ги создаде и новите проблеми.

Дел од корисниците на Windows 10 забележале проблем кај влегувањето во нивните профили од оперативниот систем на компјутерот. Имено, исчезнувале нивните лични поставки, односно се било вратено како што е фабрички и првично. На некои им исчезнале сите датотеки и други иконки што ги имале на десктоп. Microsoft се уште нема коментар за овој проблем.