Samsung направи големи промени со Galaxy S20

Објавено на 18.02.2020 во Новости



Samsung направи големи промени со Galaxy S20

Samsung го претстави најновиот член во семејството - Galaxy S20, со 5G технологија, брзи процесори, меморија голема батерија и сите тие камери! Но, постои уште нешто што ретко кој го забележа кај новата генерација во S-класата. Се однесува за дизајнот.

Големо изненадување кај Galaxy S20 и неговите браќа близнаци е заоблениот дисплеј. Што забележавте вие? Samsung Electronics овој пат почна да го намалува заоблениот дисплеј, додека сите го зголемуваат. Зошто јужнокорејската компанија го направи ова и го потенцираше за време на презентацијата? Затоа што ги слуша и ги следи своите корисници, и очигледно ја научи лекцијата дека тие се најважните.