LG претстави три нови модели од 2020 K серијата со премиум спецификации

Објавено на 18.02.2020 во Новости



LG претстави три нови модели од 2020 K серијата со премиум спецификации

MWC 2020 нема да се одржи годинава, но сепак компаниите ќе ги презентираат своите смартфони, како што LG ќе ја претстави 2020 K серијата. Новата 2020 K серија на LG се фокусира на премиум алатки кај камерата, кои ќе бидат со промени во дизајнот, потенки и повеќе стилизирани.

Трите нови смартфони LG K60, LG K51S, и LG K41S беа откриени, чии цени се уште остануваат непознати. Знаеме само дека после март ќе бидат достапни за купување во Америка, селектирани европски пазари и Азија. Чанг Ма, заменик претседателот за стратегија на продукт во LG Electronics Mobile Communications Company, вели дека почетната точка на овие телефони ќе биде цената и нивните премиум алатки. 

Сите три модели од LG K серијата имаат по четири камери, со 6.5-инчен дисплеј. Најмоќен од сите три е LG K60, кој е опремен со 8 јадрен процесор со 2.3GHz, 4GB + 64GB меморија. Четирите задни камери се 48MP+8MP+2MP+5MP, додека предната камера изнесува 16MP, заден сензор за отпелатоци и голема батерија од 4,000mAh. Моделот ќе биде достапен во титаниум, бела и сина боја. 

LG K51S го има истиот процесор, но се меморија од 3GB + 64GB. Камерите се 32MP+5MP+2MP+2MP. со предна камера од 13MP и иста батерија. Боите ќе бидат титаниум, розова и сина. 

LG K41S ќе биде најевтин смартфон, со 8 јадрен процесор со 2.0GHz, меморија од 3GB + 32GB и задна камера од 13MP+5MP+2MP+2MP, а предната камера ќе биде 8MP. LG K41S доаѓа во три бои: титаниум, црна и бела боја. Се уште не знаеме во која Android верзија доаѓаат моделите, но најверојатно ќе биде Android 10.