Honor V30 доаѓа во Европа и без Google Play
Објавено на 19.02.2020 во Новости
Huawei преку својот суб-бренд на европско тло планира да ги лансира смартфоните од Honor V30 серијата без оглед што истите немаат добиено лиценца за пристап до апликациите на Google Play и користат отворена верзија на оперативниот систем Android.
Затоа Honor V30 и Honor V30 Pro во Европа ќе пристигнат со Huawei Mobile Services како привремено решение за замена на Google Play Store и можност надворешно да се инсталираат одредени популарни апликации без кои не може да се замисли работата на еден модерен смартфон.
Како точно овие смартфони ќе функционираат надвор од Кина засега нема прецизна слика, па останува Huawei да направи вистински напор за да им ги претстави на корисниците.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.