Илон Маск не е задоволен од изборот на Гејтс, кој купи Porsche, а не Tesla

Објавено на 19.02.2020 во Новости



Илон Маск не е задоволен од изборот на Гејтс, кој купи Porsche, а не Tesla

Претходно пишувавме дека Бил Гејтс се пофали со купување на првиот електричен автомобил - Porsche Taycan. Станува збор за луксузно возило кое сака да му конкурира на Tesla, која доминира со пазарот на електрични автомобили. 

Според коментарите на Twitter, јасно е дека љубителите на компанијата на Маск не се воодушевени со изборот на Гејтс. Тој е на удар на критики поради опсегот на батеријата, поради што може да изгуби многу потенцијални купувачи за електричните возила. Под критиките од страна на љубителите на Tesla, напишал коментар и Илон Маск, кој не бил задоволен од изборот на Гејтс.