Pixel 5 ќе полни безжично и други уреди

Објавено на 20.02.2020 во Новости



Pixel 5 ќе полни безжично и други уреди

Google за прв пат во своите Pixel смартфони ќе воведе функција за реверзибилно безжично полнење што многу ќе им биде практично на самите корисници.

Новиот Pixel 5 ќе може да се полни безжично преку посебен и наменски полнач. Истовремено самиот смартфон ќе може преку безжичниот стандард да обезбедува енергија и за останатите уреди како смарт слушалки, часовници, фитнес тракери па дури и друго смартфони кои имаат опција за безжично полнење на батеријата.