Почина изумителот на "cut", "copy" и "paste"

Објавено на 20.02.2020 во Новости



Почина изумителот на "cut", "copy" и "paste"

Еден од основоположниците на модерното компјутерство, Лери Теслер, почина на 74 годишна возраст. За повеќето луѓе, името Лери Теслер не значи ништо. Кога ќе кажеме дека токму тој е заслужен за наредбите "cut", "copy" и "paste" на компјутерите, станува јасно колкаво е неговото влијание врз секојдневниот живот и работа. 

Специјализиран е за кориснички интерфејс и неговата желба била отсекогаш да го направи користењето на компјутерите што поприродно и поедноставно за луѓето. „Вашиот работен ден е поедноставен благодарение на поелегантната и поеднатавната револуционерна идеја на Лери“, напишале во Xerox.