Qualcomm Snapdragon 865 Plus би можел да пристигне наскоро

Објавено на 20.02.2020 во Новости



Qualcomm Snapdragon 865 Plus би можел да пристигне наскоро

Во декември 2019, беше претставен Snapdragon 865 мобилниот чип, кој ги восхити технолошките фанови со своите способности, кој беше топ процесор за сите Android уреди. Вклучува Computer Vision Engine технологија, има поддршка за 8K видео и фотографии со 200 мегапиксели, како и AI processing, што е еднакво на двојни подобри спецификации во споредба со неговиот претходник.

Snapdragon 865 ќе биде со multi-pixel технологија за процесирање на камерата, што му овозможува на производителот да не се труди да ја зголемува брзината, туку да го забрза протокот со повеќе информации за одредено време, што резултира со подолготрајна батерија, повисока резолуција на камерата и подобар AI. 

Според неофицијални информации наскоро би можел да пристигне и Snapdragon 865 Plus чипот, кој е резервиран за третата четвртина годинава, кој ќе биде со 15% побрзо рендерирање на графиката во споредба со стандардниот Snapdragon 855 и други подобрени алатки. Фокусот кај него е на гејминг, AI, аудио технологијата и хардвер и софтвер алатките ќе бидат гејмерски оптимизирани. Snapdragon 865 би можел да биде со мулти-гигабитна 5G конекција и супериорен животен век на батеријата со висока ефикасност.