Сајтот на Sony Mobile се спои со главната страна на Sony
Објавено на 20.02.2020 во Новости
Sony влезе во нова фаза на спојување на посебната дивизија Sony Mobile која сега е под главната компанија и ќе функционира како еден ентитет споен со останатите производи како камери, телевизори и мултимедиа.
Корисниците кои ќе го отворат сајтот SonyMobile.com веднаш ќе бидат пренасочени кон главната веб страница на sony.com, каде на едно место ќе може да ги прегледаат сите актуелни Sony Xperia смартфони заедно со како што веќе наведовме останатите продукти на компанијата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.