Samsung по грешка испратил порака на Find My Mobile

Објавено на 20.02.2020 во Новости



Samsung по грешка испратил порака на Find My Mobile

Доколку денес добивте чудна порака со содржина „1“ преку системот на Find My Mobile не треба да се грижите бидејќи станува збор за грешка направена од страна на Samsung.

Повеќето корисници на Samsung Galaxy смартфони денес ја добија оваа порака по грешка, и од компанијата објаснуваат дека нема да има никакви последици врз нивните мобилни уреди. 

Станува збор за внатрешен тест на апликацијата на Samsung, па така претставници на јужнокорејскиот бренд порачаа дека се преземени мерки вакви грешки да не се повторат во иднина.