Џорџ Сорос смета дека Цукерберг и Сендберг треба да се тргнат од Facebook

Објавено на 21.02.2020 во Новости



Џорџ Сорос смета дека Цукерберг и Сендберг треба да се тргнат од Facebook

Американскиот милијардер, Џорџ Сорос, нема добро мислење за шефот на Facebook, Марк Цукерберг и неговата најблиска соработничка Шерил Сендберг. Во своето писмо до Fincial Times, Сорос пишува дека му се чини дека „Цукерберг е во некаков договор со Доналд Трамп, кој треба да му помогне повторно да го изберат“. 

Како и да е, Сорос нема докази за тоа и бара од Facebook да престане да рекламира, за што е сепак свесен дека најверојатно тоа нема да се случи. Џорџ Сорос не е прв човек што го критикува Facebook поради објавување на политички огласи без никакви проверки на точноста или веродостојноста. „Идејата дека поддржуваме некоја политичка фигура или странка се противи на нашите вредности и идеи“, објавиле од Facebook.