Huawei P40 ќе пристигне со Wi-Fi 6+ конекција
Објавено на 21.02.2020 во Новости
Huawei P40 кој најверојатно ќе биде претставен следниот месец би требало да располага со најновиот Wi-Fi 6+ стандард за многу поефикасна, побрза и постабилна безжична интернет конекција.
Новиот Wi-Fi 6+ стандард е решение кое целосно е развиено од страна на Huawei и затоа се очекува целосно да одговара на потенцијалот кој ќе го понуди премиум смартфонот Huawei P40.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.