Black Shark 3 доаѓа со мега батерија и рекордно брзо полнење?

Објавено на 21.02.2020 во Новости



Black Shark 3 доаѓа со мега батерија и рекордно брзо полнење?

Новото чудо од гејминг смартфон Black Shark 3 на Xiaomi се очекува да дојде со мега батерија со капацитет од дури 5000 mAh, а што е уште поважно ќе има рекордно брзо полнење на енергијата од 65W.

Оваа импресивна брзина на полнењето на батеријата ќе се должи на комбинација на повеќе хардверски подобрувања. Тоа значи дека Black Shark 3 со батериски капацитет од 5000 mAh ќе се полни за неверојатни 38 минути.