Sony објави тизер за Xperia 5 Plus (1.1) евентот

Објавено на 23.02.2020 во Новости



Sony објави тизер за Xperia 5 Plus (1.1) евентот

Sony е брендот што исто така мораше да го прераспореди својот настан за 2020 година за презентација на новите предводници, поради откажувањето на MWC 2020. Sony е еден од првите брендови што го најавува својот евент.

Новиот официјален тизер на Xperia од Instagram и Twitter, информира дека Sony планира настан во живо за лансирањето на Xperia на YouTube, на 24 февруари, понеделник.  На видеото ја пишува пораката “5EE YOU THERE”, што се однесува за Xperia 5 Plus, наследникот на Xperia 5 од минатата година.