Што нуди Sony Xperia L4 во средната класа?

Објавено на 22.02.2020 во Новости



Што нуди Sony Xperia L4 во средната класа?

Sony ја обнови понудата во средната класа со новиот смартфон Sony Xperia L4 кој нуди неколку подобрувања во однос на неговиот претходник Sony Xperia L3, а исто така позајмува и неколку топ компоненти од премиум класата.

Sony Xperia L4 доаѓа со 6,2 инчен HD+ LCD Cinemawide дисплеј со одлична репрезентација на бои, контраст и густина на сликата, а издолжениот размер од 21:9 ќе овозможи да имате поголема прегледност, особено кога активирате две апликации истовремено на поделен екран.

Sony Xperia L4 работи со осум-јадрен MediaTek Helio P22 процесор, со 3 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, 3.5mm аудио влез за слушалки, како и топ батерија со капацитет од 3,580mAh со супер брзо полнење.