Што открива првиот рендер од LG V60 ThinQ?

Објавено на 23.02.2020 во Новости



Што открива првиот рендер од LG V60 ThinQ?

LG Mobile го откажа планираното учество на Светскиот мобилен конгрес во Барселона поради страв од ширење на зараза со корона вирусот што ги помести распоредите за промоција на новите смартфони.

Сега по подолго време на пауза од шпекулации се појави првиот рендер од LG V60 ThinQ кој открива дека премиум смартфонот ќе има заоблен екран со метална рамка околу, копчето за вклучување е од десната страна, а од лево се наоѓа регулаторот за звук и копчето за активирање на Google Assistant.

Постои голема можност следната недела официјално да биде претставен LG V60 ThinQ кога ќе бидат познати сите детали.