HTC планира камбек со 5G смартфон

Објавено на 24.02.2020 во Новости



HTC планира камбек со 5G смартфон

HTC веќе со години не е релевантен бренд во мобилната индустрија откако падна интересот со One серијата. Сега компанијата планира да направи камбек со лансирање на квалитетен 5G смартфон.

Од HTC не откриваат повеќе детали каков ќе биде новиот 5G смартфон освен дека ќе биде насочен кон премиум сегментот и се планира да биде достапен на пазарот до крајот на годината.