САД ја обвинува Русија дека шири лаги за коронавирусот

Објавено на 26.02.2020 во Новости



САД ја обвинува Русија дека шири лаги за коронавирусот

Високи американски службеници тврдат дека постојат илјадници лажни профили на Twitter, Facebook и Instagram, кои шират теорија на заговор дека зад епидемијата COVID-19, коронавирусот, стои Америка. Во објаснувањето се додава дека меѓу лажните објави се дека епидемијата е предизвикана со цел да се помогне во економската војна со Кина.

Преку лажните профили, за кои се мисли дека се од Русија, се тврди дека коронавирусот е всушност биооружје развиено од ЦИА, или дека е направено со цел да се распламти негативната атмосфера против Кина