Google преземал мерки за да се врати Android на телефоните на Huawei

Објавено на 27.02.2020 во Android



Google преземал мерки за да се врати Android на телефоните на Huawei

Google сака Huawei да му се врати, односно Android да му се врати на Huawei. Се уште не знаеме кои се тие детални мерки, но јавено е од сигурни извори дека Google сака да го инсталира софтверот повторно во телефоните на Huawei.

Се разбира, Huawei сака исто така да се случи тоа, а веќе изгледа како неуспешна мисијата на Американците да им забранат на американските компании да соработуваат со најмоќниот кинески бренд. Huawei возврати дека треба многу малку за да се врати Android софтверот и дека е заинтересиран за тоа, но сепак ќе продолжи да ја развива својата платформа.