Huawei го претстави Mate XS во Македонија

Објавено на 27.02.2020 во Новости



Huawei го претстави Mate XS во Македонија

Поради тоа што MWC беше официјално откажан, Huawei го претстави новиот преклопен смартфон на стриминг настан. Екипата на Телефони.мк имаше прилика во живо да го проба новиот премиум модел на смартфон на кинескиот бренд.

Коронавирусот не не спречи да го видиме новиот Huawei Mate XS, кој се превиткува хоризонтално и може да се претвори во смартфон или во таблет. 

Располага со преден 6,6 инчен дисплеј, заден 6,38 инчен дисплеј и целосен расклопен 8 инчен дисплеј. Под хауба има Kirin 990 процесор, главна камера од 40MP+8MP+16MP, како и 3D камера за длабочински детали.

Цената на уредот со 8GB+512GB меморија изнесува 2500 евра, но не е планиран за продажба во Македонија.