Samsung Galaxy Z Flip дефилира на најпознатите модни писти

Објавено на 27.02.2020 во Новости



Samsung Galaxy Z Flip дефилира на најпознатите модни писти

Samsung Galaxy Z Flip покрај тоа што е еден од најиновативните мобилни уреди исто така е претставен како ултимативен моден додаток. За таа цел Samsung направи соработка со повеќе модни куќи да го прикаже Galaxy Z Flip како шик уред кој е комплементарен со модниот изглед на корисниците.

Samsung Galaxy Z Flip во изминатиот период продефилира и на најпознатите модни писти во Милано, Париз и Њу Јорк како дел од Fashion Week заедно со најновите креации на креативните модни дизајнери. 

Samsung Galaxy Z Flip има посебна едиција за мажи со модниот бренд Thom Browne, додека пак за женските љубители на модата достапна е Ashley Williams колекцијата која го комбинира смартфонот на преклоп со модни додатоци.





Прочитајте повеќе: