Huawei почнува со изградба на првата фабрика во срцето на Европа

Објавено на 01.03.2020 во Новости



Huawei почнува со изградба на првата фабрика во срцето на Европа

Замислете, првата европска фабрика на Huawei ќе биде лоцирана во срцето на Европа, односно во Франција, која е сојузник со Велика Британија, која пак е голем сојузник на САД. Кинескиот гигант вложува 200 милиони евра во првата фабрика за телекомуникациска опрема во Франција.

Фабриката ќе произведува 4G и 5G телекомуникациска опрема што ќе се употребува за европските мрежи. Опремата што ќе ја има фабриката на Huawei вреди неверојатна 1 милијарда евра.