Samsung Galaxy A41 рендерите откриваат тројна камера и елегантен дизајн

Објавено на 02.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy A41 рендерите откриваат тројна камера и елегантен дизајн

Samsung веќе лансираше неколку модели од Galaxy A серијата, но сега доаѓаат и другите од истата класа. Galaxy A41 сега го имаме на слики, кој е малку подоле од Galaxy A51. Се уште неофицијалниот A41 е објавен од PriceBaba и @OnLeaks, кои покажуваат тројна камера и голем дисплеј со засек.

Главната предност на Galaxy A41 е веројатно камерата од 48 мегапиксели, 6-инчениот дисплеј, нема скенер за отпечатоци од задната страна, но тоа не значи дека телефонот нема да го има под дисплејот. Galaxy A41 ќе биде со MediaTek Helio P65 процесор, 4GB RAM + 64GB меморија, батерија од 3,500 mAh и 15W поддршка за брзо полнење, само што се уште не се знае цената.