Samsung Galaxy Note 20, 20+ и 20 Ultra доаѓаат со екран од 120Hz

Објавено на 06.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy Note 20, 20+ и 20 Ultra доаѓаат со екран од 120Hz

Новите Note модели за 2020 ќе бидат Galaxy Note 20, Galaxy Note 20+ и Galaxy Note 20 Ultra. Европските Galaxy Note 20 уреди ќе бидат со Exynos 990 процесор, додека другите со Snapdragon 865. Galaxy Note 20 Ultra би можел да биде со дисплеј од 7-инчи, Galaxy Note 20+ со 6.9-инчен дисплеј и Galaxy Note 20 со 6.5-инчи. 

Дисплејот би можел да им биде ос 120Hz кај сите три мобилни телефони, спремни за гејмерите. Galaxy Note 20 ќе бидат со 12GB внатрешна меморија и 16GB работна меморија, додека топ моделот ќе биде со 5000mAh батерија. Со дисплејот од 120Hz и 5G опциите, производителот ќе има предизвик за долготрајност на батериите на новата Galaxy Note серија. 

Еден начин за да го постигне тоа е да ја намали фреквенцијата на 60Hz. Galaxy Note 20 би можел да оди официјално во август. Минатата година Galaxy Note 10 излегоа на 7 август.