Samsung со „златен медал“ од трката со 5G смартфони за 2019

Објавено на 08.03.2020 во Новости



Samsung со „златен медал“ од трката со 5G смартфони за 2019

Според официјалниот извештај на Counterpoint, потврдено е дека 74% од 5G смартфоните продадени во САД минатата година се на Samsung. И покрај тоа што побарувачката за 5G смартфони била помала од очекуваната, и била 1% од вкупната продажба за 2019, Samsung секако би победил во оваа област за 2019 година.

Samsung има удел од 74% на 5G пазарот со смартфони, LG е со сребрен медал од 15% и OnePlus е со 11%. Најпродаваниот 5G телефон на Samsung е Galaxy Note 10 Plus 5G, а вториот 5G телефон на Samsung е Samsung S10 5G