1 милијарда Android уреди не добиле безбедносна надградба повеќе од 1 година

Објавено на 08.03.2020 во Android



1 милијарда Android уреди не добиле безбедносна надградба повеќе од 1 година

Хакерите сигурно сега тријат раце, затоа што една милијарда Android уреди не добиле безбедносна надградба повеќе од една година и спремни се за хакирање. Според податоците на британската организација Which?, над милијарда Android уреди се загрозени, оти не можеле да ја користат најновата верзија на оперативниот систем.

Токму тие смартфони произведени во 2012 или порано, се најранливи и изложени кон потенцијални хакерски напади, кражба на податоци, вируси и малвери што кружат. Според податоците од Google, 42,1% од Android корисниците користат 6.0 верзија или постара, додека актуелната верзија сега е 10. Проблем е тоа што од 2018 година, Google не лансираше никаква безбедносна закрпа за Android 7.0 верзијата или постарите, а повеќето телефони постари од две години не добиваат никакви безбедносни ажурирања. Google се уште нема коментар за ова.