Преживеаната конзола на Sony и Nintendo продадена за 360 илјади долари

Објавено на 09.03.2020 во Игри



Преживеаната конзола на Sony и Nintendo продадена за 360 илјади долари

Прототипот на Nintendo PlayStation, конзолата што никогаш не го здогледала светлото на денот, деновиве е продадена за неверојатни 360 илјади долари. Продадениот примерок е еден од само 200-те прототипови што настанале неславно од пропаднатото партнерство меѓу Sony и Nintendo во 1992 година.

Судбината на останатите 199 парчиња не е позната и се верува дека после пропаѓањето на партнерството, се уништени. Единствениот преживеан примерок функционира и се верува дека му припаднал на поранешниот шеф на Sony Computer Entertainment, Олаф Олафсон. Прототипот Nintendo Play Station Super NES има влез за касетите на Super Famicon и Super Nintendo, но и CD-ROM што може да чита музичко CD.