Зелена салата одгледувана во вселената е исто вкусна како земската

Објавено на 12.03.2020 во Новости



Зелена салата одгледувана во вселената е исто вкусна како земската

Зелената салата што се одгледува во вселената не само што е вкусна, туку е подеднакво хранлива и безбедна за јадење, како досегашната зелена салата каква што ја конзумираме, пишува во истражувањето објавено во списанието "Frontiers in Plant Science".

Можноста за одлгедување на свежа храна како надополнување на пакуваната храна за астронаутите во вселената е важна за целта на НАСА. Поентата за тоа е што астронаутите во иднина мора да функционираат независно од Земјата, а ова е еден од чекорите напред во остварувањето на таа цел.





Прочитајте повеќе: