Препораки како да го чистиме смартфонот во време на вируси

Објавено на 12.03.2020 во Новости



Препораки како да го чистиме смартфонот во време на вируси

Мобилниот телефон можеби е највалканиот предмет што го поседуваме. Доколку сакате правилно да го исчистите телефонот, најдобро е да го исклучите пред да почнете со чистење.

Микрофибер ткаенината што ја употребуваме за чистење на очилата е одлично решение за да го чистиме и телефонот. Средства за чистење никако не смеете да користите. Може или некое слабо и разредено средство, или пак да ја топнете крпата сосема малку за да ги исчистите нечистотиите. 

Пред и после чистењето на вашиот смартфон, задолжително мијте ги рацете и дезинфицирајте ги со антибактериски гел. Најхигиенски е да разговарате на телефон преку слушалки, без да го допирате уредот до лицето. Почитувајте ги препораките за да се заштитите колку што е можно повеќе од коронавирусот.