Биткоинот не е отпорен на коронавирусот, падна и неговата вредност

Објавено на 13.03.2020 во Новости



Биткоинот не е отпорен на коронавирусот, падна и неговата вредност

Биткоинот падна со вредноста поради епидемијата со коронавирусот, а вложувачите се во голема економска неизвесност. Најголемата криптовалута на пазарот сега падна со вредноста за речиси 50%. Цената држеше просек над 10 илјади долари, но сега падна на 5200 долари.

Со пандемијата од коронавирусот, стопанството трпи лоши последици на глобално ниво. Дефинитивно ќе се случува рецесија и намалување на вредноста на секакво можно ниво, а до колку ќе паѓаат цените се уште не се знае. 

Автор: Aleksandar Stankov