Samsung Galaxy OneUI 2.1 доаѓа и кај постарите модели

Објавено на 14.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy OneUI 2.1 доаѓа и кај постарите модели

Samsung Mobile планира да направи поголема софтверска надградба со новата верзија на корисничкиот интерфејс OneUI 2.1 и за постарите модели од премиум класата кои би ги добиле сите компатибилни новитети како и Samsung Galaxy S20.

За надградбата со OneUI 2.1 се подготвуваат смартфоните од сериите Galaxy S9, Galaxy Note 9, Galaxy S10 и Galaxy Note 10. Надградбата ќе биде подготвена во наредниот период и ќе пристигне онлајн преку системот за нов софтвер.