WhatsApp наскоро со самоуништувачки пораки

Објавено на 16.03.2020 во Новости



WhatsApp наскоро со самоуништувачки пораки

WhatsApp наскоро ќе воведе пораки кои по одредено време самите ќе се бришат и на тој начин нема да остават никаков траг од воспоставената комуникација.

Ова ќе биде обид WhatsApp да се прикаже како сервис за пораки кој е безбеден и кој ја цени приватноста на корисниците без оглед што е во сопственост на Facebook. 

Автор: Aleksandar Stankov