A1 со бесплатна видео конференција за сите корисници

Објавено на 16.03.2020 во Новости



A1 со бесплатна видео конференција за сите корисници

А1 Македонија ги продолжува активностите како поддршка за сите свои корисници со цел поедноставно секојдневие во новонастанатата состојба предзивкана од COVID -19 вирусот.

Од денеска, А1 во соработка со „eyeson“ бесплатно ја овозможува услугата Видео конференција, која е одлично решение за реализација на состаноци, без физичко присуство на иста локација. Станува збор за професионално решение преку кое може да бидат поврзани до 100 видео учесници, хостирано на платформата на А1. 

Со услугата Видео конференција може да реализираат квалитетни видео повици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации, а е достапна преку лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност.

Услугата Видео конференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020, притоа не е потребно да внесувате податоци од платежна картичка. 

Две недели пред истекот на бесплатниот период ќе добиете известување како и информација за условите под кои услугата ќе биде достапна за користење понатаму.

Повеќе информации можете да добиете на www.A1.mk

Автор: Aleksandar Stankov