Што ново ќе донесе Redmi K30 Pro?

Објавено на 17.03.2020 во Новости



Што ново ќе донесе Redmi K30 Pro?

Redmi суб-брендот на Xiaomi 24 март го потврди како датум на кој ќе ја одржи промоцијата на Pro моделот на Redmi K30 кој доаѓа три месеци по основната верзија, па интересно е да се види што ново и подобро ќе понуди.

Xiaomi Redmi K30 Pro ќе има поголем 6,7 инчен Full HD Plus дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 865 процесор, ќе има поддршка за 5G мобилна конекција, со поголема батерија со капацитет од 4700 mAh и главна камера со четири сензори од кои примарниот ќе има 64 мегапиксели.