Фрнација го казни Apple со рекордни 1,1 милијарди евра

Објавено на 17.03.2020 во Новости



Фрнација го казни Apple со рекордни 1,1 милијарди евра

Во сенка на епидемијата со коронавирусот, донесена е одлука за рекордна казна во Франција за Apple со 1,1 милијарда евра и тоа поради „однесување кон дистрибутивната и продажната мрежа која не била во согласност со правилата за натпреварување на пазарот“.

Во својата одлука напишале дека Apple наметнувал цени кон другите продавачи, со цел цената на производите да се изедначи со цените во продавниците на Apple, или на интернет. Apple и неговите два големи партнера се договориле дека нема да се натпреваруваат и дека ќе им забранат на дистрибутерите да се натпреваруваат меѓусебно, што го „стерилизирал“ пазарот на големо за производите на Apple, пишува во објавата на францускиот регулатор.





Прочитајте повеќе: